Жан Тод останува на чело на ФИА

На годинешното генерално собрание на Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) меѓу другото се одржа и изборот за претседател по кој со втор последователен мандат се здоби Жан Тод.

 |  Голабовски Крсте  | 
Jean Todt
Жан Тод

На годинешното генерално собрание на Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) меѓу другото се одржа и изборот за претседател по кој со втор последователен мандат се здоби Жан Тод.

Jean TodtТреба да се напомене дека всушност и немаше избор, бидејќи досегашниот претседател на FIA – Жан Тод, беше и единствениот кандидат на изборот. Можниот конкурент – Дејвид Вард не стигна до финалето од изборот, поради недоволниот број гласови на претходното гласање.
Жан Тод ќе биде на чело на FIA во следните четири години .

За претседател беше избран во 2009-та, а пред тоа беше шеф на Scuderia Ferrari во Формула 1. Во неговата биографија место зазема и успешната спортска кариера како навигатор, како и шеф на спортската програма на Peugeot во World Sportscar Championship.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top