Американката Амбер Милер (27) родила ќерка и тоа неколку часа откако го истрчала чикашкиот маратон, објави „Дејли Хералд“.
-Беше тоа најлуд ден во мојот живот, изјави Милер, која на трката тргна во својата 39. недела од бременост.
-Неколку минути по доаѓањето до целта, започнаа болките. Кога станаа неподносливи земав сендвич и тргнав во болница, додаде таа.
Милер е искусна атлетичарка со осум истрчани маратони зад себе. Пред трката во Чикаго се советувала со лекар кој и дал дозвола за учество, но под услов да трча комбинирано со одење.
Маратонот го завршила за 6 часа и 25 минути. Седум часа подоцна ја родила ќерката Џун. Девојчето е тешко 3,5 килограми и потполно е здраво.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град