Мурињо: Импресиониран сум од формата на Горан Пандев

“Триумфот над Каљари беше важна победа за нас, особено што сега имаме и десет бодови предност” – се осврнал Жозе Мурињо, тренерот на Интер, на победата на својот тим против Каљари (3-0).

 |  Маја Савиќ  | 
Pandev
Пандев

Pandev“Триумфот над Каљари беше важна победа за нас, особено што сега имаме и десет бодови предност” – се осврнал Жозе Мурињо, тренерот на Интер, на победата на својот тим против Каљари (3-0).

“Резултатите кои ги бележиме од почетокот на годината ни влеаа голема самодоверба, што денеска можевте да го забележите по излегувањето на теренот. Од самиот почеток на мечот имавме напаѓачки пристап против тимот кој е опасен.”

“Дури и при нашето водство од два гола разлика тие не се повлекуваа, туку ни создаваа проблеми. Импресиониран сум од формата на Горан Пандев.” – додал португалскиот стратег во освртот на мечот од 23 коло.

Од почетокот на годината фудбалерите на Интер одиграа осум меча, еден пријателски, два во Купот и пет првенствени. Остварија седум победи и реми против Бари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top