Или Барса или чаре!

Шпанскиот репрезентативец Чави Ернандес кој важи за еден од најдобрите играчи од средината на теренот во светот вели дека никогаш не би ја напуштил Барселона за да се пресели во Премиер лигата.

 |  Голабовски Крсте  | 
Xavi Hernandes
Чави Хернандез

Шпанскиот репрезентативец Чави Ернандес кој важи за еден од најдобрите играчи од средината на теренот во светот вели дека никогаш не би ја напуштил Барселона за да се пресели во Премиер лигата.

Xavi HernandesНиз текот на неговата кариера тој често беше мета на англиските клубови кои сакаат да го видат одличниот плејмејкер во своите редови.

-Имаше доста информации дека Јунајтед, Челзи, Сити и Арсенал сакаат да ангажираат, но никогаш немаше ништо конкретно од нивна страна. Моето размислување отсекогаш било исто. Јас сум фан на Барселона и секогаш мојата прва, втора и треба опција е Барса-изјавил Чави за „Сан“ и притоа додал:

-Никогаш не сум размислувал за заминување како што тоа го направи Фабрегас кој се пресели во Арсенал. Сакам да сум тука во Барселона, па дури и да играв за Сити, Арсенал, Јунајтед или Челзи, пак ќе бев заинтересиран за тоа како и оди на Барса.

Сите англиски клубови знаат дека да го доведат Чави е невозможна мисија- истакнал шпанскиот ветеран.
34-годишниот фудбалер со составот од Каталонија 7 пати беше шампион на Шпанија, во три наврати ја освои Лигата на шампионите, а по два пати Копа дел Реј и Светското клупско првенство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top