Најдобриот играч на ПСЖ ќе ги пропушти реваншот против Валенсија и првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони доколку клубот од Париз мине понатаму.
Најдобриот играч на ПСЖ ќе ги пропушти реваншот против Валенсија и првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони доколку клубот од Париз мине понатаму.
Дисциплинската комисија на УЕФА го суспендира голгетерот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ на два натпревара заради исклучувањето на првиот осминафинален дуел од ЛШ против Валенсија.
Ибрахимовиќ заработи директен црвен картон во победата на Местаља од 2:1 на 12. февруари, откако стартуваше над Андрес Гвардадо.
„Изненаден сум со оваа одлука. Јас веќе бев шокиран кога Ибрахимовиќ беше исклучен, сметам дека престрого заработи црвен картон, но два меча пауза е навистина неверојатно. Сигурно ќе се жалиме на одлуката на УЕФА“, рече тренерот на ПСЖ, Карло Анчелоти.
УЕФА ја одби и жалбата на Шалке за играњето на Дидие Дрогба за Галатасарај во првиот осминафинален меч (1:1).
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град