Македонското знаме гореше на фудбалскиот натпревар помеѓу Лепенци и Дрита, во рамките на косовската Суперлига.
Хулиганите потоа истакнале и транспарент на кој пишувало, „2012 година не е крај на светот, туку крај на Македонија“. Ова не е првпат навивачите во Косово да го запалат македонското знаме. Тоа го направија и во 2009 година, кога беше издадена македонската енциклопедија. Фудбалската федерација на Косово не е признаена ниту од ФИФА, ниту од УЕФА, а со тоа и нивната лига е, всушност, „рекреативна“.
Ова би значело дека за вакви провокации не може да има санкции за косовскиот фудбал, но останува да видиме дали Фудбалската федерација на Македонија, но и останатите институции од нашата држава, ќе реагираат на ваквото однесување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град