Honda се враќа во F1

Јапонскиот авто-мото гигант Хонда планира да се врати во Формула 1 и најверојатно ќе го замени германски Мерцедес како партнер на Мекларен.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Јапонскиот авто-мото гигант Хонда планира да се врати во Формула 1 и најверојатно ќе го замени германски Мерцедес како партнер на Мекларен.

Мекларен во минатото пет години сораборуваше со Хонда и ги користеше моторите на оваа компанија и во тој период освои четири шампионски титули, сите со легендарниот Аиртон Сена. Поради големиот заостаток во трката за шампионските титули во последните години, не чуди обновувањето на соработката со Јапонците.

bolidСпоред некои медиуми, неколку инжињери веќе пристигнале во технолошиот развоен центар на Мекларен во Вокинг, а сето ова се поклопува со неодамнешните најави од Хонда, дека јапонскиот производител е подготвен за враќање во Ф1, осовено во новата турбо-ера каде ќе се користат В6 агрегати.

Мекларен со Мерцедес има важечки договор, па од британскиот тим побрзаа да ги демантираат најавите, но оставија простор за идна соработка.

„Имаме договор со Мерцедес во следните три годни. Многу се зборува во последно време за враќањето на Хонда, влегувањето на Порше, Хјундаи, што би било добро. Не знаеме што носи иднината“, рече Мартин Витмарш.

Извршниот директор на Мерцедес, Тео Волф, пак, изјави дека германскиот авто-гигант има долгорочни планови со Мекларен, но дека е свесен оти британскиот тим може многу лесно да го раскине тој договор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top