Хокејарот монструм

Младиот словачки репрезентативец во хокеј на мраз, Ладислав Шчурко (23), ја шокира светската јавност.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ladislav Scurko
Ладислав Шчурко

Младиот словачки репрезентативец во хокеј на мраз, Ладислав Шчурко (23), ја шокира светската јавност. Тој призна дека го уби судијата Марек Липтај за што се соочува со 20-годишна затворска казна.

Пред пет години Шчурко беше избран во шестиот круг во драфтот во НХЛ-лигата од екипата на Филаделфија, а две сезони мина и во американската јуниорска хокеарска лига во дресот на Сиетл Тандербирдс. Своевремено во кариерата беше дел и од словачките национални тимови за хокеари до 18 и 20 години.

Но, работите за него тргнаа по надолна линија кога го потпиша својот прв сениорски договор со Кошице, тим со која лани стигна до шампионската титула во Словачка. И додека неговиот клуб победуваше и незапирливо чекореше кон трофејот, Шчурко криеше мрачна тајна. Во јануари минатата година на една бензинска станица го нападна и со 14 убоди со нож го усмрти судијата Мареј Липтај чие безживотно тело го закопа во шума.

Ladislav ScurkoТелото на Липтај беше пронајдено неодамна, во декември, а пред неколку дена, поточно на 23 април Шчурко го призна грозоморниот чин. Засега не се познати мотивите. Полицијата тврди дека не се работи за убиство со предмисла. Иако се наметнува како можност, сепак, тешко е да се поверува дека Шчурко го убил Липтај поради лошо судење.

На Шчурко му се заканува казна затвор во времетраење од 20 години. Доколку ја добие тоа практично ќе значи крај за неговата перспективна кариера.

„Не можам да поверувам. Шчурко беше мило момче. Имам една фотографија со него кога искрено ме прегрна, онака машки, како мечка. Ова е голем шок“, коментира поранешниот хокеар, Дејв Шулц, на својот интернет блог.

„Замислете што можело да се случи доколку Шчурко се запознаеше со судењето во НХЛ-лигата“, се најчестите коментари за убиството во Словачка на американските хокеарски блогови.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top