Гвардиола скромен

Тренерот на Барселона, Пеп Гардиола, беше скромен и рече дека победата над Реал една само е од многуте кои се потребни за титулата. При тоа ја пофали играта на “кралевите“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Pep Guardiola
Пеп Гвардиола

Тренерот на Барселона, Пеп Гардиола, беше скромен и рече дека победата над Реал една само е од многуте кои се потребни за титулата. При тоа ја пофали играта на “кралевите“.

Pep Guardiola“Добивме еден натпревар, тоа е тоа. Наскоро ни доаѓа нов тест. Нашата цел е да бидеме шампиони и сакаме да победиме повторно во среда.“

“Ние сме тим кој е многу силен ментално. Покажавме одличен карактер при оваа победа. Реал е многу силен тим, нема сомневање во тоа.“

“Тие имаа свои шанси и ни направија проблеми, но ние се обидувавме преку контрола на топката да го смениме тоа. Очекував да бидат агресивни на почетокот. Полека почнуваат да функционираат како тим, мислам дека одиграа добро.“

“Некогаш играте подобро, но понекогаш не играте како што треба, а сепак победувате. Кога бевме со 10 играчи трчавме по цел терен, напаѓавме и имавме неколку шанси.“ – заврши Пеп.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top