Гвардиола не знае кои се неговите играчи?!

И покрај тоа што беспрекорно го води својот тим, менаџерот на каталонска Барселона ,Гвардиола „падна“ на банална грешка.Имено, во неделниот натпревар против Сарагоса, Гвардиола ги замени своите играчи, па наместо најавениот Маркез, од клупата го повика Чигрински.

 |  Маја Савиќ  | 
gvardiola
Гвардиола

GvardiolaИ покрај тоа што беспрекорно го води својот тим, менаџерот на каталонска Барселона ,Гвардиола „падна“ на банална грешка.Имено, во неделниот натпревар против Сарагоса, Гвардиола ги замени своите играчи, па наместо најавениот Маркез, од клупата го повика Чигрински.

Тренерот на Барселона Пеп Гвардиола малку се занесе на неделниот натпревар против Сарагоса, па така при резултат од 2:0 за својот тим, очигледно уплашен за конечниот резултат, и со желба да ја засили одбраната најави дека ќе го воведе мексиканскиот репрезентативец Маркез.

Со истата намера, на загревање испрати поголем број играчи, кои покрај игралиштето, како што е ред, трчаа во „маркери“.

Бидејќи веќе направи две измени, освен мексиканецот, на клупата се појави и украинецот Чигрински. А тогаш следеше изненадувањето.

Гвардиола го повика украинецот да се преслече, а клупата со резервни играчи, во која се наоѓаа Кркиќ, Анри, и Јаја Туре, „прснаа“ од смеа.

Сепак, асистентот на Гвардиола потоа сфати дека овој се збунил и дека причина за тоа биле „маркерите“, па во 74-та минута наместо Габриел Милито на теренот истрча Рафаел Маркез.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top