Гвардиола: Мурињо е најдобриот менаџер во светот

Пред првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите меѓу Интер и Барселона менаџерот на каталонскиот состав Пеп Гвардиола на прес конференција имаше полна уста комплименти за харизматичниот португалец Жозе Мурињо.

 |  Маја Савиќ  | 
Gvardiola
Гвардиола

murinjoОдма откако што неговиот тим стигна во Милано по 12 часа патување со автобус тренерот на актуелниот европски шампион се обрати пред новинарите.

„Не очекува навистина тежок натпревар. Играме против добар тим кој од клупата го предводи најдобриот светски тренер во моментов.“

„Каде што работел, дали во Португалија, Англија или Италија, освојувал шампионски титули, па дуелот против него за мене е голема мотивација.“ – изјави Гвардиола.

„Кога станува збор за патувањето со автобус, мислам дека позитивно влијаеше врз целата атмосфера пред натпреварот пред се, поради тоа што играчите беа во еден автобус, а јас и останатиот дел од тимот во друг.“

„Ова патување кое траеше 12 часа им овозможи на играчите да ги прегледаат некои од снимките со натпреварите на Интер и да ја анализираат неговата игра за да можат достојно да се спротивстават на Џузепе Меаца.“ – заврши шпанецот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top