• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Грчката национална телевизија ја избриша кратенката МКД за време на преносот од Еуробаскет 2009

Грчката национална телевизија ја избриша кратенката МКД за време на преносот од Еуробаскет 2009

До каде оди фанатичноста на нашиот јужен сосед околу спорот со името покажа и кошаркарскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Грција.

 |   | 

На луѓето од националната грчка телевизија NET толку им пречела кратенката МКД која на меѓународниот пренос стоеше во долниот лев агол на екраните на семафорот кој го покажува резултатот, што истите со бел знак ја имаа прекриено.

Така гледачите во Грција на екраните можеа да ја видат само кратенката на нивната држава (GRE) додека полето каде што пишуваше (MKD) беше празно. Инаку голема тензија влдееше пред почетокот на натпреварот на овие две репрезентации кој грците го добија со 86:54. Околу 500 македонски навивачи кои допатуваа во Полска како дел од навивачките реквизити го користеа огромното знаме со сонцето од Вергина и транспаренти со невкусни (Hell Ass) натписи упатени кон противникот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top