Данскиот голман Никлас Ландин беше првата најголема пречка синоќа за македонската ракометна репрезентација на отварањето на Европското првенство, откако со 17 одбрани, чуварот на мрежата практично сам ја победи нашата селекција.
Данскиот голман Никлас Ландин беше првата најголема пречка синоќа за македонската ракометна репрезентација на отварањето на Европското првенство, откако со 17 одбрани, чуварот на мрежата практично сам ја победи нашата селекција.
Ландин фати се што требаше на стартот, Данска направи предност и потоа само рутински го одработи мечот.
Данските медиуми, а и соиграчите на Ландин се полни со пофалби за својот голман. Неговиот бравурозeн меч го опишаа како „потврда дека е најдобриот светски голман“. Ландин собра 17 интервенции, имаше околу 61 отсто успешност на одбрани, а мечот го заврши со 46 отсто успешни одбрани.
„Тој беше извонреден. Само потврди дека во моментов е најдобар светски голман“, рече по мечот Михаел Кнудсен.
Со ист став е и Микаел Хансен, левиот бек на данската селекција.
„Никлас беше навистина фантастичен. Нема сомнение, еден од најдобрите е на светот“, рече Хансен.
За Мадс Ларсен Менсах, Ландин е – магичен голман.
„Ми се допаѓа пристапот и харизма. Јас не би сакал да шутнам кон него, мислам дека и другите истото го направија денеска. Едноставно е, тој беше магичен“, рече Менсах.
Ханс Линдберг, исто како и соиграчите, не остана имун на пофалбите и му оддаде почит на Ландин за фантастичниот меч.
„Тој беше неверојатен. И што е најважно, неговите одбрани не се досадни. Туку – спектакуларни!“, рече Линдберг.
И нормално, слекторот на Данска, европскиот првак од Србија пред две години, Ули Вилбек не изостана со пофалбите, потенцирајќи дека Ландин ја реши средбата со Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град