Глобалната финансиска криза му се заканува и на фудбалот

Последиците од глобалната криза во Германија се надвија и над фудбалот, пред се над помалите клубови,  финансиска криза засега се уште не се одразила врв врвниот фудбал во земјата.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Последиците од глобалната криза во Германија се надвија и над фудбалот, пред се над помалите клубови,  финансиска криза засега се уште не се одразила врв врвниот фудбал во земјата.

„Поради светската економска криза добрите години останаа зад нас. Такво расположение доминира, потенцираше Хартмут Застров“, член на Одборот на келнскиот фирма „Спорт-Маркт“.

Меѓутоа, тој тврди дека кризата се уште негативно не се одразила на севкупниот германски фудбал, бидејќи, барем за сега, нема „негативни индикатори“.Застров потенцира дека 2008 година била рекордна по заработувачката на германските професионални клубови од првата и втората лига, со приход од 1,9 милијарди евра, при што е забележана и рекордна продажба на дури 17,4 милиони влезници.
Во споредба со Шпанија, Англија и Италија, германските професионални фудбалски клубови се во предност, пред се поради тоа што на пазарот настапуваат заедно, укажува Дојче Веле.

PeleВо Шпанија ситуацијата е по проблематична, бидејќи системот на клубови има децентрализиран пристап на пазарот, објаснува Застров, наведувајќи дека таму не постои силен сојуз, туку само два доминантни клуба – „Реал“ и „Барселона“, а дека сите останати клубови се пред стечај.
Тој предочи дека италијанските клубови имаат огромни давачки за персоналот, при што само платите на играчите претставуваат околу 80 отсто од вкупно вложените пари. Дури и „АС Милан“ е принуден да ги намали платите на своите играчи, а во Велика Британија повеќе врвни клубови планираат во следната сезона да ги намалат цените на влезениците.
Застров не смета дека спонзорствата на клубовите се проблематично, потсетувајќи дека повеќето германски клубови потпишале договор со спонзори, за следните неколку години.

Но, германската Сојузна лига, по се изгледа ова лето ќе мора да најде нов спонзор, бидејќи досегашниот – „Германскиот телеком“, наводно не сака да го продолжи договорот, тврди Дојче веле.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top