Џерард неизмерно го почитува Торес

Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард повторно со суперлативи зборува за својот клубски колега Фернандо Торес.

 |  Крсте Голабовски  | 
Stephen Gerard
Сивен Џерард

Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард повторно со суперлативи зборува за својот клубски колега Фернандо Торес.

Stephen GerardСпоред него Шпанецот е најдобриот напаѓач во светот во овој момент. Торес има навистина впечатливо издании откако е пристигнат во Ливерпул, постигнал 58 погодоци на 92 натпревари. Викеондов тој постигна хет трик против Хал Сити во победата на Ливерпул со 6:1.

„Не би го заменил Фернандо за ниту еден друг напаѓач во светот. Тој е најдобриот“, изјави Џерард

во исто време и Торес не изостави да го пофали Џерард со кој прават неверојатен тандем и во 77 натпревари заедно постигнале 86 погодоци – 39 за Џерард и 47 за Торес.

„Кога играш рамо до рамо со некој толку добар како што е Стиви тоа може само да ти помогне. Тој е неверојатен асистент, а во исто време знае и да погоди“, мисли Торес.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top