Еден од најдобрите атлетичари на сите времиња на долги патеки, Хаиле Гебресиласие од Етиопија најави дека по Олимписките игри во Лондон во 2012 година ќе стави крај на богатата кариера во која освои голем број на трофеи на најквалитетните светски натпреварувања.
“За две години и дефинитивно ќе се повлечам од активното натпреварување. Се надевам дека моето простување од атлетика ќе биде со златен медал во маратонската трка, а верувам дека крајот ќе биде закитен и со нов светски рекорд”, изјави 36-годишниот Гебресиласие.
Атлетичарот од Етиопија во кариерата има на Олимписките игри во Атланта и Сиднеј го освојуваше златото на 10.000 метри, а во истата дисциплина тој има четири најсјајни трофеи на Светските шампионати.
Во моментов со време со 2 часа 3 минути и 59 секунди, време поставено во Берлин 2008 година е актуелен светски рекордер во маратон.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град