Геј Vs. Болт

Ако го исклучиме блесокот на Јохан Блејк на Светското атлетско првенство пред две години, подолго време ситуацијата на светската спринт сцена е „статус кво“.

 |  Голабовски Крсте  | 
Tajson Gay i Usain Bolt
Тајсон геј и Усеин Болт

Ако го исклучиме блесокот на Јохан Блејк на Светското атлетско првенство пред две години, подолго време ситуацијата на светската спринт сцена е „статус кво“.

Сепак, американскиот атлетичар Тајсон Геј, еден од најголемите ривали на Јамајканецот, вели дека „повеќе нема оправдувања“ и оти конечно е физички подготвен да го победи светскиот рекордер и олимписки шампион на 100 и на 200 метри.
Геј изјави дека постојаните проблеми со повредите го „излудувале“, додека за тоа време Болт поставувал рекорди и освојувал медали од големите светски натпреварувања.

Tajson Gay i Usain Bolt„Нема повеќе оправдувања за неуспесите. Немам повеќе болки. Во моментов ги надминав проблемите со повредите. Се чувствувавм добро“, тврди американскиот спринтер.

Тој на Светското првенство во Осака во 2007-та година го освои златниот медал во трките на 100 и на 200 метри, по што често имаше проблеми со повредите, а на сцената стапи и светлото на рефлекторите го окупираше Јусеин Болт.

Инаку Американскиот спринтер постигна одлично време на трката на 100 метри одржана синоќа во рамките на Дијамантската лига. Во швајцарскиот град Лозана Геј најпопуларната атлетска патека ја истрча со време од 9,79 секунди што претставува втор најдобар резултат сезонава.

Второто место го освои Асафа Пауел кој заостана 9 стотинки зад победникот, а трет беше Мајкл Роџерс со 9,96 секунди.

Геј најдоброто време годинава го оствари на националниот шампионат во САД кога 100 метри ги истрча за 9,75 секунди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top