Независна комисија што ќе се занимава со лиценцирање на клубовите што ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите и Европската лига ќе биде формирана од следната сезона.
Независна комисија што ќе се занимава со лиценцирање на клубовите што ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите и Европската лига ќе биде формирана од следната сезона.
Ова го соопшти претседателот на Сојузот на европските фудбалски екипи и на минхенски Баерн Карл Хајнц Румениге, по вчерашниот состанок со претседателот на УЕФА, Мишел Платини.
Формирањето на комисијата се покажа како нужност во борбата против си поголемите долгови на одделни клубови, но и растечките обештетувања.
„Мораме повторно да постигнеме рамноправност во можностите на клубовите. Тоа е во интерес на фудбалот, особено кога се во прашање европските натпреварувања“, рече Румениге.
Комисијата би требало да започне со работа од сезоната 2010/2011. година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град