Фудбалерите му го вртат грбот на Манчини

Италијанскиот стручњак Роберто Манчини, најверојатно, на крајот од оваа сезона принудно ќе го прекине договорот со Манчестер Сити поради се пожестокиот бунт од главните фудбалери.

 |  Маја Савиќ  | 
Mancini
Манцини

ManciniИталијанскиот стручњак Роберто Манчини, најверојатно, на крајот од оваа сезона принудно ќе го прекине договорот со Манчестер Сити поради се пожестокиот бунт од главните фудбалери.

Пред два месеци тој потпиша на 3,5 години, но во договорот има опција за прекинување на соработката на крајот од оваа сезона ако една од страните не е задоволна. Раководството на клубот може да ја активира оваа клаузула ако Сити не успее да се пласира во Лигата на шампионите, што беше главната причина за ангажирање на Манчини.

Англиските медиуми тврдат дека главните фудбалери во екипата секојдневно се во конфликт со Манчини на кого му забележуваат за напорниот тренинг-режим и начинот на кој го менаџира тимот.

Но, не се само играчите кои се против Манчини. Пред заминување од клубот е и кондицискиот тренер Рејмонд Верхајен, чии методи на работа оформени во соработка со претходникот на Манчини, Марк Хјуз, Италијанецот комплетно ги отфрли. Верхајен е еден од најпознатите кондициски тренери во светот кој во својата кариера работел со Гус Хидинк и тоа додека холандскиот стручњак беше селектор на Холандија, Јужна Кореја и Русија.

И навивачите не се премногу воодушевени од работата на Манчини. За нив и натаму Хјуз е најпопуларен и најквалитетен тренер и се уште жалат што тој доби отказ. Манчини веќе се скара со Белами ,а се очекува наскоро да излезат на виделина и други конфликти. Проблемите во соблекувалната полека се одразуваат и на резултатите, па Сити во последните три кола оствари само една победа.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top