„Формула 1“ се спаси во последен момент

Здружението на клубови од Формула 1 (ФОТА) и Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) денеска во Париз, во последен момент постигнаа договор за решавање на спорот во најелитното брзинско натпреварување.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Здружението на клубови од Формула 1 (ФОТА) и Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) денеска во Париз, во последен момент постигнаа договор за решавање на спорот во најелитното брзинско натпреварување.
Како потврда дека денешниот состанок заврши успешно е дадената изјава на претседателот на ФИА, Макс Мозли.

bolid– Овој е мој последен мандат. Немам намера повторно да се кандидирам за претседателското место во ФИА. Нема да има раскол и паралелни натпреварувања. Се договоривме околу намалувањата на трошоците на екипите. Многу сум срекен дека на крајот вака се завршија сите недоразбирања, изјави Мозли по состанокот во Париз.

Деталите до тоа како е постигнат договорот се уште се непознати.
Претходно, осум екипи од Ф1 незадоволни од наметнатите услови од ФИА околу ограничувањето на буџетот ја формираа ФОТА и најавија сопствено првенство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top