Формула 1 се полиску до распаѓање

Формула 1 се приближи поблиску до работ на бездната откако вчера Интернационалната автомобилистичка федерација (ФИА) соопшти дека преговорите со тимовите пропаднале и оти контроверзните правила за следната година остануваат непроменети.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ron Denis
Рон Денис

Формула 1 се приближи поблиску до работ на бездната откако вчера Интернационалната автомобилистичка федерација (ФИА) соопшти дека преговорите со тимовите пропаднале и оти контроверзните правила за следната година остануваат непроменети.

Финансиските експерти од Асоцијацијата на тимовите во Формула 1 (ФОТА) и од ФИА се сретнаа во понеделникот за да се обидат да го надминат јазот во ставовите за буџетските ограничувања што се закануваат со поделба на овој спорт.

logo„За жал, претставниците на ФОТА објавија дека немаат мандат да дискутираат за финансиските правила на ФИА за 2010. Всушност, тие не беа подготвени да разговараат за правилата во целина“, се вели во соопштението на ФИА. „Како резултат на тоа, состанокот не можеше да ја оствари својата цел за споредба на правилата на ФИА со предлозите на ФОТА во насока на изнаоѓање заедничка позиција. Во отсуство на вистински дијалог, беа разгледани финансиските предлози на ФОТА, но стана јасно дека тие не би можеле да се вклопат во ограничувањето на трошоците на тимовите што имаат извори за поголеми издатоци во однос на конкурентите. Од тие причини, финансиските правила на ФИА остануваат како што беа објавени“.

Шампионот Ферари се закани со заминување по 60-годишно непрекинато присуство во Формула 1 ако не се повлече опционалното буџетско ограничување на 40 милиони фунти (65,22 милиони долари), дизајнирано за да го помогне влезот на нови тимови, а постојните драстично да ги намалат трошоците. Рено, Тојота и двете екипи на Ред бул исто така соопштија дека за нив новите правила се неприфатливи.

ФИА минатиот петок ја објави листата на учесници во шампионатот в година, во која Ферари и тимовите на Ред бул фигурираат како потврдени учесници спротивно на нивната волја, а пет други постојни екипи како условни учесници. На последните пет тима им е даден рок до петок за да ги претворат своите потврди за учество во безусловни, со предупредување дека тимовите од листата на чекање можат да им се придружат на трите нови екипи чиешто учество е веќе потврдено.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top