Организаторите на Отвореното првенство на Австралија најавија зголемување на наградниот фонд на турнирот за 10% до 33 милиони австралиски долари (30.97 милиони американски долари) во обид да ги покријат ефектите од девалвацијата на локална валута.
Организаторите на Отвореното првенство на Австралија најавија зголемување на наградниот фонд на турнирот за 10% до 33 милиони австралиски долари (30.97 милиони американски долари) во обид да ги покријат ефектите од девалвацијата на локална валута.
И покрај порастот, тенисерите на турнирот ќе поделат помала сума во 2014 година во однос на овогодинешното издание.
Во јануари Мелбурн раздаде 30 милиони австралиски долари награден фонд, кои во тоа време беа еквивалент на 31.2 милиони долари. Оттогаш сепак локалната валута изгуби околу 10% од својата вредност во однос на американскиот долар.
За последното издание на Австралија Опен организаторите го зголемија наградниот фонд од 4 милиони австралиски долари до 30 милиони, откако дел од претставниците на машката шема се заканија со бојкот пред стартот на турнирот во 2012 година. Тогаш тие се пожалија дека средствата во Гренд Слем турнирите не се распределуваат коректно за сите натпреварувачи во главната шема, но преземените мерки ја успокоија ситуацијата.
Директорот на австралискиот турнир, Крег Тајли објасни дека ги информирал водечките тенисери за зголемувањето и тие се одговориле позитивно.
“Добивме добар фидбек и поддршка од нив. Што прават останатите турнири си е нивна одлука”, рече тој, цитиран од “Ројтерс”.
Организаторите се уште не ги определиле точните суми, кои ќе ги земат шампионите и тенисерите во одделни кругови. Оваа година победниците Новак Ѓоковиќ и Викторија Азаренка прибраа по 2.43 милиони австралиски долари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град