Финансиската полиција во Италија упадна во просториите на 41 клуб од Серија А и Серија Б, како и дел од екипите од понизок, со цел да ги испита договорите на играчите, тренерите и менаџерите поради сомневање за избегнување плаќање данок и перење пари.

Акцијата е по наредба на обвинителот од Неапол. Извори во обвинителството тврдат дека голем број играчи добиваат пари на рака и на тој начин избегнуваат плаќање давачки кон државата.
Помеѓу 18 екипи од Серија А се наоѓаат и великаните Јувентус, Милан и Лацио. Клубовите се осомничени за криминално здружување со цел избегнување на плаќање големи суми пари на име данок при трансфер на играчи.
Рацијата на италијанската полиција се спроведува во период кога репрезентацијата на Италија се наоѓа во Бразил на Купот на конфедерации и треба да игра полуфинале со Шпанија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град