Англиската Премиер лига продолжува и понатаму да биде најскапото или поточно највредното натпреварување на стариот континент.
Ова е резултат на испитувањата кои ги направило списанието „Sports and Economics“ и кое испитување покажало колку изнесуваат цените на сите играчи кои настапуваат во европските лиги.
Биле направени пресметки на 20 лиги во Европа и Светот и според се Премиер лигата е нај скапа. Имено 20-те клубови кои играат во оваа лига имаат играчи кои се со вредност од околу 3,1 милијарда евра, а на втората позиција е Шпанија и „Ла Лига“ каде играат играчи со вкупна вредност од 2,6 милијарди евра. На третата позиција со 2,4 милијарди евра е Италијанската Серија А.
Понатаму следуваат: Германија – Бундеслига (18 екипи) 1,66 милијарди евра., Франција – Лига 1 (20) – 1,4 милијарди евра, Турција – Суперлита (18) со 758,9 милиони евра, Русија – Премиер лига (16) со 717,87 милиони евра, Холандија – Ередивизие (18) 637,82 милиони, Португалија – Суперлига (16) со 619,75 милиони и првата десетка завршува со Грција – Суперлига (16) со 545,15 милиони евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град