Финале во Лигата на шампионите – Интер против Баерн

Финалето во Лигата на шампионите вечерва првпат во својата историја ќе се одигра во сабота на стадионот „Сантијаго Беранабе“, а на теренот во главниот град на Шпанија, Мадрид ќе истрчаат двете најдобри екипи во овогодинашната натпреварувачка сезона – Интер против Баерн.

 |  Маја Савиќ  | 
Liga na Shampioni
Лига на шампиони

FinaleДвата тима веќе биле европски шампиони. Баерн има четири титули, а последната ја освои 2001 година кога во финалето ја победи Валенсија на пенали. За разлика од нив, Интер и неговите навивачи на пехарот чекаат од 1965 година, кога по вторпат (првата титула ја освоија 1964) станаа европски шампиони.

Последен пат во меѓусебен дуел двата тима одиграа во сезоната 2006/07 во групната фаза. Баерн победи во Милано со 2:0, а во Минхен беше 0:0.

Во тимот на Интер за очекување е нашиот репрезентативец Горан Пандев да добие доверба од Жозе Мурињо и да биде меѓу стартните 11. Инаку, Мурињо дел од својата кариера како асистент во Барселона тренерскиот „занает“ го учеше кај Луис ван Гал, кој е сега на кормилото на Баерн. И двајцата тренери имаат веќе титули со други екипи, Мурињо 2003 година со Порто, а Ван Гал 1995 година со Ајакс. Но, и двајцата за финалето нема да можат да сметаат на исклучените играчи од полуфиналето Франк Рибери (Баерн) и Тиаго Мота (Интер). Почетокот на натпреваро е во 20:45  часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top