ФИА го прифати новиот систем на бодување

Новиот систем на бодување беше прифатен од страна на ФИА доцна синоќа и ќе влезе во сила од почетокот на следнат 2010 сезона.

 |  Голабовски Крсте  | 
лого
logo

Новиот систем на бодување беше прифатен од страна на ФИА доцна синоќа и ќе влезе во сила од почетокот на следнат 2010 сезона.

логоНовиот систем вклучува поени за првите 10 пилоти кои ќе финишираат а поените ќе се во редослед 25-20-15-10-8-6-5-3-2-1. Промената доаѓа од фактот дека се зголемува бројот на болиди на стартот – 26 и е прва ваква промена после 2003. година. На стартот пак немало толку многу болиди од 1995 година.

„Поради новите тимови кои ќе учествуваат следаната сезона ја направивме и оваа промена во системот за бодување која стапува на сила исто така од 2010 година“, објавија од ФИА.

После промените победата ќе има најголема вредност бидејќи разликата помеѓу првиот и вториот е пет поени а не како досега 2. Во моментов се користи системот 10-8-6-5-4-3-2-1. Бодувањето на конструкторите повторно ќе се прави на база на собирање на бројот на пилотите од секој тим.

КАко што е познато тимовите во Ф1 ја отфрлија, во почетокот на сезоната 2009, идеата на Берни за пласман со медали во топ 3 (златен, сребрен, бронзен), уште позната како „победникот зема се“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top