ФФМ избира претседател

Изборна конференција на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на која ќе се бира и претседател.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Изборна конференција на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на која ќе се бира и претседател, треба да се одржи во сабота во Скопје.

logoВо трката за претседателската фотелја на ФФМ се двајца кандидати, досегашниот Харалампие Хаџи-Ристески, предложен од ОФС Прилеп и поддржан од најголемиот дел од ОФС во Македонија, кој ќе се обиде да го освои и третиот мандат во низа и Благоја Николовски, како предлог на ОФС Скопје.
Право на глас на денешната конференција, која ќе се одржи  во хотелот „Александар Палас“ имаат 117 делегати.
Гласањето за претседател на ФФМ ќе биде јавно, но не е исклучена и опцијата за тајно гласање доколку една третина од делегатите го побараат тоа.
Прво ќе се пристапи кон избор за највисоката функцијата во Федерацијата по што ќе се следи и гласање за состав на новата фудбалска влада од кандидатите предложени од Општинските фудбалски сојузи (ОФС).
Изборниот процес ќе биде под непосреден мониторинг на УЕФА и ФИФА, кои за таа намена во Скопје го испратија словенецот Руди Заврл.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top