Фелпс повторно во вода

Забраната за американскиот пливач заврши во вторник, а тој воопшто не бил свесен за тоа.

 |  Крсте Голабовски  | 
Michael Phelps
Мајкл Фелпс

„Немав поим“, изјави Фелпс по повод крајот на забраната која ја изрече Американската пливачка федерација поради фотографијата на која Фелпс беше прикажан како пуши марихуана. Веќе идната недела Фелпс ќе учествува на натпревар во Шарлот во Нова Каролина. Тоа ќе биде негов прв настап по Олимписките игри во Пекинг каде освои осум злата.

„Многу сум среќен што наскоро повторно ќе бидам во вода и што се враќам во форма“, изјави Фелпс кој загубо 9 килограми во последните два месеца.

„Се враќам во натпреварувачка форма и подготвен сум за својата прва трка по Пекинг. Ќе видиме како ќе биде. Среќен сум што ми се враќа стариот живот“, додаде Фелпс.

По објавувањето на контроверзната фотографија, Мајкл Фелпс размислуваше за повлекување од спортот, поради тоа, како што рече, „недостаток на мотивација“. Тој го собори рекордот на Марк Шпиц по бројот на освоени медали на Олимписки игри и стана најуспешниот олимписки натпреварувач со вкупно 14 златни медали. Сепак, Фелпс по подолго размислување одлучи да продолжи со натпреварувањата.

Michael Phelps„Тоа беше глупа грешка“, изјави пливачот во интервјуто на колеџот Лојола во неговиот роден Балтимор за старата фотографија. Тој додаде дека многу размислувал околу тоа, дека тој случај му покажал кои се неговите вистински пријатели, како и тоа дека бил многу збунет по Олимпијадата во Пекинг. Неговиот тренер Боб Баумен изјави дека навистина се загрижил околу тоа дали Фелпс ќе продолжи или не.

„Ако се откаже, се плашам дека тоа нема да биде од вистински причини“, изјави порано Баумен, додавајќи дека Фелпс не треба да се повлече поради скандалот, туку тогаш кога ќе почувствува дека за тоа е вистинско време. Фелпс сега не размислува за повлекување, туку планира да се натпреварува на Олипијадата во Лондон во 2012 година. Во Шарлот Фелпс ќе се натпреварува во пет дисциплини: 50, 100 и 200 метри слободно, 100 метри грбно и 200 метри пеперутка.

Што се однесува до неговиот приватен живот, Фелпс не сакаше да раскажува за таблоидите за својата врска со Мис Калифорнија, Кери Приџен, туку изјави дека се само пријатели и дека чувствува симпатии кон неа поради се’ она низ што мина по изјават дека се противи за склопување на геј-бракови. Фелпс ги демантираше и приказните за „дивите ноќни излегувања“.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top