Федерер поблиску до Ролан Гарос

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер уште поблиску е до освојување на својот прв Грен Слем трофеј во Париз, единствениот кој му недостасува во галеријата трофеи од големите натпреварувања.

 |  Крсте Голабовски  | 
Roger Federer
Роже Федерер

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер уште поблиску е до освојување на својот прв Грен Слем трофеј во Париз, единствениот кој му недостасува во галеријата трофеи од големите натпреварувања.
Несомнено е дека годинава е најблиску до титулата бидејќо во турнирот не се наоѓаат имињата на личностите кои досега секогаш доминираа на париската земја, пред се недостасува името на „царот“ на земјената подлога Рафаел Надал.

Roger FedererВо четвртфиналето швајцарецот, кој го лови 14-тиот Грен Слем наслов во кариерата, со што би се изедначил со легендарниот Пит Сампрас, го победи французинот Гаел Монфилс и тоа без поголеми проблеми 7-6(6), 6-2, 6-4.

„Мора да останам смирен и концентриран. Тоа е се. Знам дека го носам епитетот фаворит во остатокот од турнирот и верувајте ми, тоа е голем притисок за мене. Но добро поминав покрај Монфилс во мечот кој не беше едноставен пред да започне. За мене приближно целата работа се поедностави по првиот сет.“ – изјави Федерер.

Во полуфиналето противник ќе му боди аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, петтиот тенисер во светот. Досега тие двајца имаат одиграно пет меча и во кои Дел Потро никогаш не успеал да освои ниту еден сет.

„Среќен сум, но сега пред мене се наоѓа мојот најголем испит. Знам што може да се очекува против Федерер, а и свесен сум дека сите претходно одиграни мечеви ги загубив. Знам што треба да се направи, но прашањето е како ќе изгледа тој меч. Ќе се борам и тоа е тоа.“ – изјави Дел Потро по победата во три сета против Томи Робредо.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top