Федерер најде начин

Речиси два сета одлична игра не беа доволни за Фернандо Вердаско да го изненади Роџер Федерер во прциот ден на ATP World Tour finals во Лондон.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Речиси два сета одлична игра не беа доволни за Фернандо Вердаско да го изненади Роџер Федерер во прциот ден на ATP World Tour finals во Лондон.
logoЗа разлика од минатите две години, кога секогаш го губеше првиот меч од финалниот Мастер Куп, Роџер Федерер во лондонската О2 арена успешно трка на завршницата сезона на АТП турнирите. Но, работата не му беше лесна – Фернандо Вердаско падна со 4:6, 7:5 и 6:1,  а се’ во неповрат замина во смер на Швајцарецот по брејкот во последниот гем од вториот сет.

Се до тој важен момент, се чинеше дека вториот шпански рекер има одлична шанса за прва победа по три порази во досегашните натпревари со Федерер. Во тие три натпревари не зема ниту сет, а за оваа недела приказната да биде поинаква, се покрижи со брејк уште во првиот гем, што му беше доволно за предност во првата делница.

Вердаско работеше она што требаше и кога напаѓаше и кога мораше да се брати, дури и на бекхенд страната која Федерер очекувано ја форсираше, но како цел свет да се урна за Вердаско по брејкот на Федерер за 7:5 во вториот сет. Шампионот уште еднаш покажа зошто е најголем на сите времиња – со едена единствена брејк топка дотогаш на натпреварот успеа да го спушти моралот и мотивот на Вердаско, буквално да го уништи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top