Фабрегас: Јас сакав да играм но докторите кажаа НЕ

Капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас вели дека сакал да настапи против Порто и покрај повредата, но докторите го советувале да не го прави тоа.

 |  Маја Савиќ  | 
fabregas
фабрегас

fabregasКапитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас вели дека сакал да настапи против Порто и покрај повредата, но докторите го советувале да не го прави тоа.

Шпанецот заработи повреда на тетивата зад коленото на дуелот ос Барнли во саботата и поради тоа нема да настапи на вечерашниот натпревар со Порто во Лигата на Шампионите.

Арсенал е во негатива од 2-1 по првиот натпревар и очајно посакуваа да го имаат својот најдобар фудбалер на клучниот реванш дуел на Емирати.

Но Топџиите ќе мора да обезбедат пласман во следната фаза без помошта на Фабрегас и самиот играч признава дека жали што нема да настапи.

За The Sun Фабрегас рече: “Сакав да играм но докторите ми препорачаа да одмарам и да не превземам ризик.”

“Жал ми е што нема да играм против Порто бидејќи тоа е важен дуел за нас.”

“Ќе страдам повеќе од вообичаеното бидејќи ќе треба да го гледам тимот од трибините.”

Деталните тестови врз Фабрегас покажаа дека повредата на играчот не е многу сериозна па постои можност Шпанецот да се врати во тимот на Арсенал веќе во викенд дуелот против Хал Сити.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top