Eвропскиот клупски куп во шах минува низ огромни проблеми

Во организација на Македонската шаховска федерација, Охрид деновиве е домаќин на Европски клупски куп.

sah
шах

Во организација на Македонската шаховска федерација, Охрид деновиве е домаќин на Европски клупски куп.

turnirЕвропски клупски куп во шах, ги собра најдобрите шахисти од 54 земји од Европа. „Ова е најзначајното натпреварување, по својот квалитет, позначајно и од шаховската олимпијада и европското првенство“, велат организаторите. Овојпат учество на шампионатот зедоа 25 машки и 14 женски екипи. Македонија ја претставуваат трите најдобри клуба, Алколоид од Скопје, Кочани шах клуб и Гамбит Пекам. „Нашите репрезентативци досега достојно се претставуват, и воедно се многу успешни“, вели Благоја Богоевски, претседател на организациониот одбор.

Љубителите на шахот, и воопшто целокупната јавност,  можат да ги проследат настапите на водечките светски имиња во шаховскиот свет во хотелот Инекс Горица.

„Македонските репрезентативци успешно се презентираат на Европскиот клупски куп. Нивната игра повремено варира, меѓутоа не смееме да се пожалиме од она што досега го видовме“, вели Атанас Кизов, селектор на нашата репрезентација.

„Условите за игра, во салата каде се одржуваат натпреварите се извонредни, велат организаторите. Понудивме можности за игра на светско ниво. Достојно се претставивме и покажавме, дека како земја навистина сме подготвени да организираме настани од ваков вид“, велат тие.
Уште еднаш покажавме дека ваков голем настан не може да помине без инциденти. Имено, блиски извори на ТВМ кои сакаат да останат анонимни велат дека низа проблеми се регистрирани во поглед на сместувањето на репрезентативците. Најголемиот дел од нив настанале со пристигнувањето на Македонската фудбалска репрезентација, кога сите 14 женски екипи биле преместени во Хотел Гранит. Истото се случило дури и со претседателот на македонскиот организационен одбор, кој поради одредени значајни личности, бил принуден да се иссели во хотелот каде се и женските екипи. Се прашуваме дали некој од инволвираните во ситуацијава е свесен за големината на овие лица во светот на шахот, велат нашите извори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top