Ето има една недела да си најде нов клуб

Напаѓачот на Барселона, Самуел Ето, доби една недела од клубот да најде нов клуб.

 |  Крсте Голабовски  | 
Samuel Eto
Самуел Ето

Напаѓачот на Барселона, Самуел Ето, доби една недела од клубот да најде нов клуб.

Samuel EtoСпоред шпанските медиуми тренерот на Барса, Пеп Гвардиола, не го планира Камерунецот за наредната сезона, па затоа му порача да побара нов клуб за наредната сезона.

“Новиот клуб Ето треба да го побара во наредните 7 денови”, така гласи во ултиматумот кој го добил агентот на Камерунецот.

Од таборот на Барса веруваат дека Ето ќе пронајде нов клуб, откако беше во преговори со Манчестер Сити минатата недела.

Милан е доста заинтересиран за неговите услуги, откако пред 12 месеци го направија трансферот на Роналдињо од Барселона, па Берлускони посакува да го направи дуото кое со Барса ја освои Лигата на Шампионите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top