Емил Павлов, европски карате првак

Каратистот Емил Павлов на ЕП, кое на почетокот на месецов се одржа во Тампере (Финска), ја испиша најсветлата страница во историјата на македонското карате.

 |  Голабовски Крсте  | 
emil pavlov
емил павлов

Каратистот Емил Павлов на ЕП, кое на почетокот на месецов се одржа во Тампере (Финска), ја испиша најсветлата страница во историјата на македонското карате.

emil pavlovТој, во категоријата до 60 килограми освои златен медал, што е наш најзначаен машки трофеј во овој спорт (претходно највредно беше среброто на Иво Цветковски од европскиот шампионат во 2007-ма година) и повторување на подвигот на Наташа Илиевска од пред три години.

Голема пожртвуваност, многу работа, многу тренинзи, откажување од многу работи и преголема желба за успех.

За големината на успехот говори и фактот што до титулата сениорски европски првак Павлов дојде со само 22 години, но и по 15-годишна кариера, во која има освоено многу одличја, меѓу кои највредни се златото од јуниорско Балканско првенство, светската универзитетска бронза и неколку први места на силни меѓународни турнири како што се Премиер лигата и Светскиот куп (Салцбург, Лашко…). Сето ова говори дека успехот во Финска не е случаен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top