• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Екипата на ПС за безбедност во патниот сообраќај, најдобра во фудбал

Екипата на ПС за безбедност во патниот сообраќај, најдобра во фудбал

Екипата на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид е севкупен победник на турнирот во мал фудбал организиран од СВР Охрид по повод 7 мај денот на македонската полиција.

 |  Голабовски Крсте  | 
ekipa
екипа

ekipaЕкипата на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид е севкупен победник на турнирот во мал фудбал организиран од СВР Охрид по повод 7 мај денот на македонската полиција.

Тие, во вчерашниот финален натпревар со фудбалската екипа од полициската станица од општа надлежност Охрид, на пенали извојуваа победа со резултат 3:2.  Победничката екипа доби пехар за освоено прво место на турнирот во мал фудбал како и признанија за учество и постигната победа.

Оваа спортска манифестација беше дел од повеќето планирани активности со кои СВР Охрид  го одбележа 7 мај денот на полицијата.

Фудбалскиот турнир се одигра во спортско рекреативниот центар „Биљјанини извори“ a учество зедоа вкупно шест фудбалски екипи од разни служби во СВР Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top