Државно првенство во спортско качување ќе се одржи викендов, во организација на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија.
Според програмата, првенството започнува во сабота со дисциплината тежинско качување, а завршува следниот ден, со дисциплината брзинско качување.
Овој дводневен настан е во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на планинарските спортови.
По тој повод македонската Федерација ќе организира и планинарење, како и пригодни презентации.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град