Манифестацијата помина во знакот на Охриѓани. Нов државен првак во екипна конкуренција пионерките со резултат од 497 круга.
Манифестацијата помина во знакот на Охриѓани. Нов државен првак во екипна конкуренција пионерките со резултат од 497 круга.
На стрелиштето Бејбунар се одржа Државното првенство во гаѓање со воздушна пушка-сериска. Настанот официјално го отвори Градоначалникот Александар Петрески испукувајќи една дијабола која успешно заврши во целта. Првенството помина во знак на Охриѓани. Нов државен првак во екипна конкуренција се пионерките во состав : Балабан Нина, Гоџоска Верица и Нестороска Емилија со резултат од 497 круга. И во поединечна конкуренција Нина Балабан го превзеде приматот.
Пионерите во состав: Апостолоски Бобан, Блажески Мики и Гоџоски Мартин екипно го освоија првото место. Апостолоски го превзеде приматот и во поединечна конкуренција со резултат од 181 круг.
Сениорките ги поделија првите три места поединечно.
Истиот ден се одржа и Државното првенство за телесно инвалидизирани лица на кое СК,, Охрид,, настапи со двајца натпреварувачи. Првото место заслужено го освои Танеска Снежана со резултат од 362 кругови.
Резултатите се доказ за успешноста на стрелачкиот клуб,, Охрид,, имајќи предвид дека секаде се севкупни прваци.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град