Државен рекорд на oхридско тло

Македонија има таленти за врвни дострели. Овој пат место за врвни успеси беше атлетската патека на стадионот „Билјанини извори“-. На петочниот натпревар во атлетика беше поставен државен рекорд на 300 метри. Рекордот го постави Кристиан Ефремов од Атлетскиот клуб „Перпетуум мобиле“ од Скопје.

 |  Мишел Наумоски  | 
atletski miting
атлетски митинг

atletski miting-patekaИ во Охрид се поставуваат државни рекорди. Неприкосновен во македонската младинска атлетика, Скопјанецот Кристиjан Ефремов го постави првиот државен рекорд на Охридскиот тартан.  И сега кој рече дека во Македонија нема таленти? Ова е веројатно првото прашање што си го поставувате кога ќе слушнете дека некој млад талент поставил државен рекорд. Резултатите се остваруваат самостојно, успехот неретко се финансира од сопствениот џеб, а кога ќе дојде време за фалење со по некој ваков резултат, редицата на подржувачи одеднаш станува многу, многу долга. Кристиан очигледно полн со амбиции. Резултатот кој тој го оствари на охридската атлетска патека, недвосмислено ви дава до знаење дека талентот навистина постои.

„Денес поставив државен рекорд на 300 метри, 35.49 задоволен сум со оглед на тоа што немав конкуренција, фактички трчав сам инаку моја главна дисциплина е 400 метри и моја цел се секако ЛОИ во Лондон следната година за што се спремам интензивно и се надевам дека на следниве трки ќе истрчам и солиден резултат на мојата главна делница, 400 метри.“ Рече Кристиан Ефремов-тркач на 400 метри-атлетски клуб „Перпетуум мобиле“-Скопје

atletski mitingКристиjан го бараше своето место во Македонската атлетска репрезентација, а резултатот кој што го оствари во Охрид претставува само еден почеток вели тој. Неговата главна цел засега се наоѓа надвор од границите на државата.

„За мене натпреварувањето во повисок ранг, пример европско, светско првенство секако претставува поттик за да го постигнам мојот најдобар резултат бидејќи знаеме дека кај нас во Македонија сум прв и дека немам многу голема конкуренција и затоа кога одам на такви поголеми наптревари можам да се видам со конкурентите од поразвиените држави, до кај сум, се и секако да постигнам подобар резултат.“-додава Кристиан

Како што ТВМ веќе известуваше, минатиот петок стадионот „Билјанини извори“ беше центар на спортските случувања во градов. Покрај натпреварувачкиот карактер на ова првенство, еден дел од учесниците се натпреваруваа вон конкуренција, бркајќи резултати за претстојното Европско екипно првенство во атлетика кое се одржува во Рејкјавик-Исланд. На државното атлетско првенство продефилираа околу осумдесетина атлетичари од десетина клуба од Македонија кои членуваат во Атлетската федерација на Македонија. Европското екипно првенство во Рејкјавик кое започнува на 17 Јуни засега претставува прв во редицата предизвици за младиот Кристиан, но и за нашата Атлетска репрезентација.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top