Добра НБА вечер за Бостон и на Лејкерси

Бостон и лејкерси се враќаат во игра по синоќешните победи.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Бостон губеше од Орландо со 2.1, но сега дојде до водство од 3:2. Во петиот меч против „магичните“ на домашен паркет, Бостон губеше и со 14 коша разлика во последната четвртина, а на пет минути пред крајот Орландо имаше комфорно водство од 85:75. До крајот на мечот гостите не постигнаа ниту еден поен од игра, а само Луис со 2 и Хауард со 1 поен беа прецизни од линијата за слободни фрлања.

logoНа другата страна мирни беа Пирс, Ален и Дејвис, и на актуелните прваци му донесоа победа од 92:88. Јунак на пресвртот во последната четвртина беше проблематичниот Стефон Марбери, кој сите 12 коша ги постигна во последната четвртина. Најефикасен кај Бостон со 22 поена и седум скока. Пирс беше најразновиден со 19 поени, девет скока и осум асистенции. Кај Орландо Хауард постигна 12 коша и 17 скока.

Лејкерси најверојатно се разлутија по понижувањето кое го доживеаја во Хјустон во четвртиот меч, па се решија да вратат со иста мерка. Од почетокот, буквално, го газеа противникот и на крајот мечот го завршија со плус 40 коша (118:78). Кај Лејкерси најмногу поени постигна Коби Брајант 26, додека Гасол додаде 16.

Резултати од плејоф натпреварите во НБА-лигата

Исток, полуфинале: Бостон – Орландо 92:88 (Бостон води со 3:2 во серијата до четири победи)

Запад, полуфинале: Л.А. Лејкерс – Хјустон 118:78 (Л.А. Лејкерс води со 3:2)

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top