Џоковиќ за два месеци побогат за 3 милиони

Новак Ѓоковиќ месечно печали фантастични 1,5 милиони долари, само од настапите на тениските турнири.

 |  Голабовски Крсте  | 
novak djokovic
новак џоковиќ

Новак Ѓоковиќ месечно печали фантастични 1,5 милиони долари, само од настапите на тениските турнири.

Србинот ја претрка Викторија Азаренка и сега е на врвот, со вкупна заработка од 2,99 милиони долари, во 2013 година.
Белорусинката е зад него со 2,91 милиони, а најмногу пари на двајцата, им донесе триумфот на Австралија опен. На првиот гран слем сезонава, и Ѓоковиќ и Азаренка ги одбранија титулите, со што инкасираа по 2,43 милиони американски долари.

viktorija azarenkaВикторија до минатата недела беше на врвот, вклучувајќи ги и тенисерите, но Новак ја мина, со триумфот во саботата, на турнирот во Дубаи, Посебна ставка во целата приказна, се парите од спонзорските договори и тие не се вклучени во овие суми.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top