Контроверзниот 44-годишен италијански стратег Паоло Ди Канио ќе го замени на клупата на Сандерленд, Мартин О’ Нил, кој доби отказ заради серијата лоши резултати.
Контроверзниот 44-годишен италијански стратег Паоло Ди Канио ќе го замени на клупата на Сандерленд, Мартин О’ Нил, кој доби отказ заради серијата лоши резултати.
Челниците на Сандерленд се решија на таква одлука бидејќи под водство на О’ Нил, тимот осум кола беше без победа. Ди Канио ќе има тешка задача да ги спаси „црните мачки“ од испаѓање во понизок ранг. Сандерленд моментно е еден бод над зоната за испаѓање.
Ди Канио во февруари го напушти третолигашот Свиндон заради несогласување со управата на клубот. Претходно клубот од четвртата го внесе во третата лига.
„Единствен фокус во наредните седум меча ќе ни биде зачувување на прволигашкиот статус. Мислам дека шансите ни се далеку поголеми со доаѓањето на Ди Канио“, изјави претседателот на клубот Елис Шорт.
Италијанецот потпиша договор на две и пол години, а своето деби на клупата ќе го има во следната недела на Стемфорд Бриџ против Челси.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град