Заврши jубилејното 25-то издание, на една од најстарите спортски манифестации во земјава, Охридскиот пливачки маратон. На резултатски план и натаму продолжува доминацијата на Петар Стојчев од Бугарија.
Несовладливот бугарски маратонец, со испливано време од 5 часа, 25 минути и 13 секунди, стигнаа до својата рекордна десетта победа на патеката „Климе Савин“, која што се протега во должина од 30 километри од СветиНаум до Охрид. Одличен настап забележаа и најдобрите домашни претставници. Освојувачот на Ла Манж, Томи Стефановски се најде на втората позиција, чие што време изнесуваше 5:26:26. Само три секунди зад него, како третопласиран на целта пристигна и неговиот помлад братучед, Евгениј Поп Ацев. Кај дамите пак, втора година по ред, најбрза беше 19-годишната Карла Ситиќ од Хрватска.
“Уште една извонредна трка. Задоволен сум од постигнатиот резултат. Среќен сум затоа што друштво на победничкиот пиедестал ќе ми прават македонските пријатели, Томи и Евгениј. Ова е прекрасен ден за маратонското пливање“, гласеше кусата изјава, на легендарниот Стојчев.
Охридскиот маратон беше последното издание од годинешната гран-при серија на ФИНА. Тронот во генералниот пласман уште од поодамна беше резервиран за неприкосновениот Бугарин, кој што сезоната ја завршува со 101 освоен поен. Најдобриот домашен маратонец, Евгениј Поп Ацев, ја задржа третата позиција со вкупно освоени 56 бодови. Веднаш зад него е и Томи Стефановски, кој што по одличниот настап во Охрид, се искачи на четвртото место во генералниот поредок, со вкупен биланс од 49 поени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град