Денес се бира селектор на А-тимот

Управниот одбор(УО) на Фудбалската федерација на Македонија(ФФМ) денеска ќе ја одржи 33. седница, на која треба да биде донесена одлука за именување на селектор на фудбалската репрезентација.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Управниот одбор(УО) на Фудбалската федерација на Македонија(ФФМ) денеска ќе ја одржи 33. седница, на која треба да биде донесена одлука за именување на селектор на фудбалската репрезентација.

Gradski stadionПретседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески во четвртокот оствари средби со потенцијалните кандидати за селектор на А-националниот тим.

Прв на листата беше Турчинот Зија Доган, кој имаше најдолги разговори со Хаџи-Ристески, а подоцна во канцеларијата на генералниот секретар беа и преостанатите македонски кандидати – селекторот на младата селекција, Мирсад Јонуз, довчерашниот помошник на Катанец, Вујадин Станојковиќ , како и Чедомир Јаневски.

Според веб-сајтот на ФФМ, во опција е и Украинецот Олег Блохин, чиј менаџер имал телефонски разговор со Хаџи-Ристески.

Сите кандидати имаа посебни средби со првиот човек на македонскиот фудбал, на кои ги презентираа своите услови за ангажман, како и можностите и шансите на националниот тим за успешно продолжување на настапите во квалификацискиот циклус за Мондијалот 2010 година.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top