Македонските маратонски пливачки имиња се поблиску до самиот врв на маратонското пливање. На 25-то јубилејно издание на Охридскиот пливачки маратон, македонските натпреварувачи Томи Стефановски и Евгениј поп Ацев го освоија воторото и третото место. Врховниот судија на маратонот Соња Думбалова Делова истакна дека иако сме блиску до самиот врв на маратонското пливање потребно е уште работа. Доказ за тоа беше вчерашната трка кога на нашиот Томи Стефановски за малку му побегна првото место.
„Мојот впечаток беше зошто цело време пливачите пливаа во јато од 80-84 завеслаи во минута и беа секогаш еден до друг во јато. Сигурно дека ако имаше можда уште два километри, познавајќи го искуството на Томи Стефановски, мислам дека ќе се бореше за првото место со Стојчев“ вели Делова.
Судијата Делова потенцира дека победникот на годинешниот Охридски маратон Бугаринот Петар Стојчев добро го познава нашето езеро, добро ја познава струјата во езерото, зошто на самиот старт тој беше 5-ти, 6-ти, за да потоа малку го засили темпото, посебно после втората контролна станица, момент кој му ја донесе победата. Инаку, врховниот судија Думбалова Делова ја доби наградата „Климе Савин“ за особен придонес во македонското маратонско пливање.
„Чест ми е и задоволство и голема благодарност на семејството Савинови и на сите инволвирани кои ми овозможија да ја добијам оваа престижна награда наречена Климе Савин, кој беше голем маратонец, за мене голема сатисфакција зошто јас од почетоците на малите маратони, кратките државните маратони бев инволвирана како судија, а сега сум главен судија со меѓународна лиценца“ додава Делова.
Стојчев 30-те километри од Св. Наум до Охрид ги преплива за 5 часа, 35 минути и 13 секунди. Тој сега е и прв во генерален пласман на Светската ранг-листа за 2011 година. Второ и трето пласирани беа нашите маратонци Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев, кој пак со успехот на Охридскиот маратон се најде на третото место во Генаралниот пласман во светстката серија на ФИНА. Од жените втора година по ред триумфира Карла Ситиќ од Хрватска, која патеката Климе Савин ја преплива за 5.52.55. часа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град