Аргентина ќе биде сериозно ослабена во настапите во Дејвис-купот годинава откако Хуан Мартин дел Потро обелодени дека нема да настапува за „гаучосите“ во ова натпреварување.
Аргентина ќе биде сериозно ослабена во настапите во Дејвис-купот годинава откако Хуан Мартин дел Потро обелодени дека нема да настапува за „гаучосите“ во ова натпреварување.
Најдобриот аргентински тенисер веќе извесно време беше во војна со челниците на Тениската Асоцијација на Аргентина, па сега конечно реши да пресече и да ја прекине репрезентативната кариера.
„Неопходно е да дојдат до промени, како би се поправиле грешките што се повторуваа толку често во претходните години. Јас никогаш не сум барал повластен статус ниту пак сум инсистирал на промени, но во последно време се појавија премногу гласини на кои едноставно не можам да молчам. Сите многу добро знаат што имам направено за Аргентина во Дејвис-купот, но нема да настапувам за мојата репрезентација во 2014 година“ – изјави Дел Потро.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град