Дејвис куп дуел Македонија – Белорусија

Во Минск вчера беше извршена жрепката за мечевите од Првата евро-африканска зона од Дејвис купот меѓу Белорусија и Македонија.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Во Минск вчера беше извршена жрепката за мечевите од Првата евро-африканска зона од Дејвис купот меѓу Белорусија и Македонија.

Vasilevski i GrabulovskiАндреј Василевски и Димитар Грабулоски први ќе го отворат дуелот утре во 9:00 часот по македонско време на комплексот во Минск. Инаку, Василевски во последен момент влезе во составот на Белорусија на местото на Павел Флин.

Во вториот меч ќе играат Улаздимир Игнатик и Лазар Магдинчев.
В сабота е мечот во двојки каде Белорусите се фаворити предводени од Макс Мирњи кој ќе игра заедно со Александер Бури, додека нашиот селектор Дејан Маринковиќ се реши за двојката Грабулоски – Магдинчев.
В недела се последните мечеви, а предвидено е да играат Игантик – Грабулоски и Василевски – Магдинчев.
За првпат по десет години постојани настапи за репрезентацијата поради недоразбирање со федерацијата нема да настапи нашиот најдобар тенисер во моментов Предраг Русевски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top