Дејвид Хеј нов шампион во ВБА верзијата

Британецот Дејвид Хеј е нов шампион во боксерската ВБА верзија откако синоќа во Нирнберг во меч од 12 рунди на поени го победи досегашниот носител на шампионскиот појас, Русинот Николај Валуев.

 |  Крсте Голабовски  | 
David Haye
Дејвид хеј

Британецот Дејвид Хеј е нов шампион во боксерската ВБА верзија откако синоќа во Нирнберг во меч од 12 рунди на поени го победи досегашниот носител на шампионскиот појас, Русинот Николај Валуев.

David HayeДо победата Хеј стигна откако судиите на поени донесоа одлука за негов триумф. Првиот судија гласаше 114:114, а вториот и третиот 116:112 за Хеј.
Ова за 29-годишниот Британецот беше 23 победа во 24 меча, од кои 21 триумф има со „нок аут“.
Досегашниот шампион 36 годишниот Валуев го претрпе третиот пораз во 53-тиот меч. Валуев има 50 победи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top