Давам голови бидејќи сум ќелав

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ја откри тајната на неговите добри игри со глава. Како што е познато, англискиот репрезентативец во средата постигна два гола против Милан во Лигата на шампионите со што стигна до бројката 30 во оваа сезона.

 |  Маја Савиќ  | 
Runi
Руни

RuniНапаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ја откри тајната на неговите добри игри со глава. Како што е познато, англискиот репрезентативец во средата постигна два гола против Милан во Лигата на шампионите со што стигна до бројката 30 во оваа сезона. Лидерот на “црвените ѓаволи” откри дека голема улога за одличната голгетерска форма има фактот што почнал рано да ја губи косата.

“Топката ја удирам со чело, и затоа постигнувам голови. Голема заслуга има и мојата ќелава глава бидејќи на моите соиграчи им е многу полесно да ме пронајдат во нападот”, се пошегува Руни, кој оваа сезона на Олд Трафорд постигна дури седум погодоци со глава.

“Многу работев на скок-играта, а мило ми е што се гледаат резултатите од овој труд. Долго време вежбав како да се поставувам при нафрлените или одбиените топки па затоа моето чувство за гол е доста развиено. Научив да парирам на секаков притисок па така не ми е проблем да играм со глава, нога или со некој друг дел од телото”, додаде Англичанецот.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top