Црвените ѓаволи убедливо први

Манчестер Јунајтед ја зголеми лидерската предност во Премиер лигата на пет бода. Во заостанатиот натпревар Манчестер Јунајтед и осми пат по ред го совлада Фулам, овојпат со 3:0.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Манчестер Јунајтед ја зголеми лидерската предност во Премиер лигата на пет бода. Во заостанатиот натпревар Манчестер Јунајтед и осми пат по ред го совлада Фулам, овојпат со 3:0.

Дека шампионот нема да има проблем да ја оствари 19. сезонска победа беше јасно уште на стартот, особено по корнерот на Керик и водечкиот гол на Сколс во 12. минута.
Плејмејкерот на Манчестер Јунајтед учествуваше и во акцијата во 30. минута по која за 2:0 асистираше О’шеј, а погоди Бербатов.

По повредата на теренот со гол се врати Руни кој со седмиот гол и по проигрувањето на Парк во 63. минута зголеми на 3:0.

logoТриумфот на Манчестер Јунајтед го зачини голманот Едвин ван дер Сар кој и четиринаесети натпревар не прими гол и со 1302 минути чиста мрежа е нов рекордер во историјата на европските национални лиги. За да постави нов светски рекорд Едвин Ван Дер Сар треба да го сочува својот гол најмалку до 4-ти април, тоа ќе биде многу тешко затоа што до тогаш Манчестер Ј. ќе игра против екипите на Ливерпул и Астон Вила едни од конкурентите за висок пласман.
Холанѓанецот може да го помине Верлинден доколку не прими гол на наредните седум средби.
На 13 кола до крајот, „Црвените ѓаволи“ имаат 59 бода, Ливерпул, 54, Астон Вила 51, Челзи 49, Арсенал 44.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top