Чилеанец на чело на кралскиот клуб

На интернет страницата на Реал Мадрид и официјално беше потврдено дека Чилеанецот Мануел Пелегрини (55) е новиот тренер на „кралскиот клуб“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Manuel Pelegrini
Мануел Пелегрини

На интернет страницата на Реал Мадрид и официјално беше потврдено дека Чилеанецот Мануел Пелегрини (55) е новиот тренер на „кралскиот клуб“.

Manuel PelegriniСега веќе бившиот тренер на Виљареал ќе им биде претставен на новинарите во вторник, а на клупата тој ќе го наследи Хуанде Рамос.
Шпанските медиуми нагаѓаат дека Флорентино Перез за чилеанскиот стручњак платил четири милиони евра и дека Пелегрини потпишал четиригодишен договор со Реал.
Пелегрини во Виљареал помина пет години, а од „жолтата подморница“ во пакет со него доаѓа и неговиот помошник Рубен Коусилас.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top